Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми
- Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите.
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите.
- Апсолутно круцијално за лидерите е да ја разберат важноста на тоа да работат заедно со други лидери - истакна Хил, кој рече дека би било најдобро доколку балканските земји дојдат во позиција во Европската Унија да работат заедно.
Според него, потребна е поголема соработка меѓу земјите и лидерите во регионот.

- Европа го сака Балканот, но не ги сака проблемите на Балканот - рече Хил посочувајќи дека атрактивен предлог е заедно да работат Албанци, Срби, Македонци... и дека тоа би било голем пазар. Смета дека доколку балканските земји соработуваат, ќе имаат многу поголем напредок.

На истиот панел зборуваше и Светозар Јаневски, стопанственик и сопственик на „Тиквеш“, кој, меѓу другото, раскажуваше за периодот кога ја презел компанијата „Тиквеш“ и како го развивал бизнисот.
Според Јаневски, потребно е граѓаните, без разлика дали се Македонци или Албанци, да ја градат и развиваат земјата заедно, да се гради една нација. - Ова е сè уште неразбирливо за некои. Главно е како да се согласиме и како да бидеме заедно - рече тој. ев/вг/
ФОТО: Македонија2026