• петок, 13 јуни 2025

Кремљ одби да коментира дали Путин ќе учествува на преговорите во Турција

Кремљ одби да коментира дали Путин ќе учествува на преговорите во Турција

Москва, 13 мај 2025 (МИА) - Русија ќе соопшти кој ќе учествува на предложените мировни преговори во Турција кога претседателот Владимир Путин ќе смета дека е соодветно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој одби да коментира дали самиот Путин ќе присуствува на преговорите.

Путин во неделата предложи директни разговори со Украина за прекин на војната, по што американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја прифати понудата.

Зеленски изјави дека е подготвен на разговори, но нагласи дека ќе преговара единствено лично со Путин. Трамп најави можност и тој да присуствува на евентуалните преговори. ссм/

фото: ЕПА.

Остани поврзан