• петок, 14 август 2026

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција

Париз, 13 јули 2026 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција.

- ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ - зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта на платформата Икс.

Тој и му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој беше домаќин на состанокот на Коалицијата на подготвените за унапредување на поддршката за Украина.

- Проширувањето е клучна безбедносна гаранција - треба да го продолжиме и забрзаме овој процес. Проширувањето останува најважната геополитичка инвестиција, со Украина, Молдавија и Западен Балкан, посочи Кошта. 

Утре во Брисел ќе се одржат Меѓувладини конференции за пристапување во ЕУ со четири земји-кандидатки: Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што бројот на затворени поглавја ќе се зголеми на 18 од вкупно 33, Албанија ќе ги затвори првите три поглавја, а Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во кластерот 6. ми/

фото: ДПА