Кинескиот претседател Си го честита крунисувањето на Чарлс Трети и Камила
- Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска испрати честитка до кралот Чарлс Трети и англиската кралица Камила по повод нивното крунисување.
Пекинг, 6 мај 2023 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска испрати честитка до кралот Чарлс Трети и англиската кралица Камила по повод нивното крунисување.
Си изјавил дека Кина е подготвена да ја прошири соработката и културната размена со Велика Британија.
Кинескиот лидер навел дека двете земји треба заеднички да промовираат мир и соработка. паг/
Фото: МИА архива