• понеделник, 13 јули 2026

Капитенот на Хрватска по десет години во НБА се враќа во Евролигата

Капитенот на Хрватска по десет години во НБА се враќа во Евролигата

Истанбул, 16.јуни 2026 (МИА) – Капитенот на хрватската кошаркарска репрезентација Дарио Шариќ по десет сезони минати во НБА лигата повторно ќе биде дел од европската кошарка и Евролигата, откако во новата сезона ќе го носи дресот на екипата Анадолу Ефес. Шариќ пред десет години од турската екипа замина за НБА.

Хрватскиот кошаркар потпиша две годишен договор со опција за продолжување за уште една сезона.

32-годишниот кошаркар во НБА лигата настапуваше за екипите: Филаделфија, Феникс, Минесота, Оклахома Сити, Голден Стејт, Денвер и Сакраменто, има одиграно 498 натпревари со просек од 10,3 поени и 5,3 скокови по натпревар, а има одиграно и 24 натпревари од плеј офот.

Ова ќе биде вторпат Шариќ да го облече дресот на Анадолу Ефес откако беше член на клубот во перидот од 2014 до 2016 година. мн/

Фото: ЕПА