• вторник, 11 ноември 2025

Калас: ЕУ сака да биде дел од меѓународниот транзициски комитет за Појасот Газа

Калас: ЕУ сака да биде дел од меѓународниот транзициски комитет за Појасот Газа

Кувајт, 6 октомври 2025 (МИА) – Европска Унија сака да учествува во мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и да биде дел од меѓународниот преоден комитет во Појасот Газа, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за време на нејзината посета на Кувајт.

Според неа Европа треба да има важна улога и треба да биде дел од тоа, посочи Калас одговарајќи на новинарско прашање за евентуалното учество на ЕУ во мировниот план на Трамп.

- ЕУ е главен донатор на хуманитарна помош за Палестинците и одржува односи и со Палестинската самоуправа и со Израел. Затоа верувам дека Европа не треба само да биде плаќач, туку и учесник, истакна Калас на маргините на состанокот во Кувајт помеѓу земјите од Персиски Залив и ЕУ.

Таа додаде дека ЕУ работела на мировниот план и оти ќе соработува со арапски партнери. Калас изрази надеж дека „и Израелците ќе се согласат“.

Трамп минатата недела објави мировен план за Појасот Газа, а Израел и Хамас денеска во Египет почнаа индиректни преговори. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан