• сабота, 31 август 2024

ИЦЦ: Монголските власти имаат обврска да го уапсат Путин доколку ја посети земјата

ИЦЦ: Монголските власти имаат обврска да го уапсат Путин доколку ја посети земјата

Улан Батор, 30 август 2024 (МИА) – Монголските власти имаат обврска да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин доколку тој ја посети земјата следната недела, соопшти Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ).

Предвидено е Путин да ја посети Монголија на 3 септември. Тоа ќе биде прва негова посета на земја членка на ИЦЦ откако Судот нареди негово апсење во март 2023 година.

И Украина денеска апелираше Монголија да го уапси Путин за време на неговата посета.

- Украина се надева дека Владата на Монголија е свесна за фактот дека Владимир Путин е воен злосторник. Ги повикуваме монголските власти да ја извршат обврзувачката меѓународна потерница, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан