• недела, 25 август 2024

Израелските сили продолжија со нападите врз Џабалија и Кан Јунис

Израелските сили продолжија со нападите врз Џабалија и Кан Јунис

Тел Авив, 10 декември 2023 (МИА) - Во текот на ноќта израелските сили продолжија со нападите врз Џабалија во северниот дел на Појасот Газа и Кан Јунис на југот од областа, јавуваат палестинските медиуми.

Израелската армија претходно ги повика палестинските цивили да го напуштат поголемиот дел од областа околу градот Кан Јунис поради жестоките борби што се водат.

Министерството за здравство во Газа вчера објави дека 17.700 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега.

Според нивните изјави, околу 45 отсто од жртвите се деца, а неколку десетици илјади луѓе се повредени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан