• петок, 27 септември 2024

Израелската армија соопшти дека пресретнале дрон лансиран од исток

Израелската армија соопшти дека пресретнале дрон лансиран од исток

Tел Авив, 25 септември 2024 (МИА) - Беспилотно летало лансирано од исток било уништено од ПВО на Израел над пристанишниот град Еилат, додека втор дрон паднал во областа. Тоа го соопшти денеска израелската армија.

„Две беспилотни летала (UAV) беа откриени како се приближуваат до областа Еилат од исток. Ракетен брод на морнарицата... пресретна еден UAV, а падот на друг UAV беше идентификуван во областа Еилат“, соопшти армијата. Според нив, две лица се полесно повредени по падот на дронот. зш/

Остани поврзан