• сабота, 31 август 2024

Израелската армија изврши воздушни напади на Западниот Брег

Израелската армија изврши воздушни напади на Западниот Брег

Џенин, 30 август 2024 (МИА) – Израелската армија рано утринава изврши воздушни напади во градот Џенин на Западниот брег, во кои, како што соопшти, гаѓала „терористичка ќелија“, на третиот ден од конфликтот на територијата, информираа локалните власти.

Израел соопшти дека палестинските напади низ северниот дел на Западниот Брег, во кои загинаа 16 лица, се терористички напади и оти од вторникот вечерта, неговиот одговор имал за цел само да ги спречи нападите врз Израел од Западниот Брег.

Палестинците ги гледаат нападите како проширување на војната во Газа и обид да се одржи повеќедецениската воена власт на Израел над територијата.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 650 Палестинци се убиени на Западниот Брег од почетокот на војната на 7 ноември минатата година.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итно запирање на израелската операција на Западниот Брег. и во изјавата објавена доцна синоќа, ги повика властите да ги заштитат цивилите. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан