• среда, 28 август 2024

Изложба на дела од деветтата Меѓународна радовишка ликовна колонија 2024 утре во Кавадарци

Изложба на дела од деветтата Меѓународна радовишка ликовна колонија 2024 утре во Кавадарци

Кавадарци, 12 август 2024 (МИА) - Изложба на дела од деветтата Меѓународна радовишка ликовна колонија 2024, ќе биде отворена утре во Кавадарци, информираше денеска Марјан Тодоровски од Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ од овој град. На изложбата ќе бидат претставени триесетина ликовни дела на учесниците на колонијата, ликовни уметници од државава, Турција и од Бугарија.

- Неколку културни настани ќе ја одбележат оваа седмица за кавадаречката културна јавност. Во среда навечер на градскиот плоштад, ќе се реализира концертот „Фатени за раце го менуваме светот“, со настап на членови на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ што работи при Домот на културата и учениците од посебната паралелка при ОУ „Страш Пинџур“ - Кавадарци, рече Тодоровски. 

За во четврток навечер, тој ја најави промоцијата на „Роман на годината 2023“.

 - Добитник е една од најпознатите македонски писателки, Лидија Димковска. За романот и наградата ќе зборуваат познатиот македонски новинар Звездан Георгиевски, како претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“, што ја доделува наградата, промоторот Виолета Танчева Златева и секако, авторката на наградениот роман, „Единствен матичен број“, Димковска. Наградата, годинава се додели по 25. пат, а во Кавадарци се случува промоција по петти пат, традиционално како прв град после Скопје, појасни Тодоровски. свд/са/

Фото: Дом на култура - Кавадарци

Остани поврзан