• среда, 14 мај 2025

Зеленски: Украинските сили ги продолжуваат операциите во руската област Курск

Зеленски: Украинските сили ги продолжуваат операциите во руската област Курск

Киев, 27 април 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.

- Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск, истакна Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен.

Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави вчера Путин.

Претставници на украинската армија вчера ги демантираа тврдењата на Путин и на Генералштабот на руската армија дека Курск е ослободен. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан