• понеделник, 26 август 2024

Зеленски изрази подготвеност да ја поддржи Индија за домаќин на вториот мировен самит во Украина

Зеленски изрази подготвеност да ја поддржи Индија за домаќин на вториот мировен самит во Украина

Киев, 25 август 2024 (МИА) - Володимир Зеленски најави дека се водат преговори со Саудиска Арабија, Катар, Турција и Швајцарија во врска со вториот мировен самит. Украинскиот претседател тоа го соопшти во разговор со индиски новинари, објавен денеска на неговата социјална мрежа.

Зеленски нагласи дека на индискиот премиер Нарендра Моди му рекол дека ќе ја поддржи Индија да биде домаќин на вториот мировен самит.

„Меѓутоа, сакам да бидам искрен, и тоа не се однесува само на Индија, туку и на секоја земја што е позитивна за домаќин на вториот самит: нема да можеме да организираме самит за мир во земја која се уште не се приклучила на коминикето од претходниот мировен самит“, нагласи тој.

Украинскиот претседател додаде дека на средбата со Моди во петокот разговарал за првиот мировен самит, како и за сите точки од коминикето..зш/
фото ЕПА

Остани поврзан