• сабота, 10 октомври 2026

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првиот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 0,8 проценти, трошоците за материјали за 1 процент, a трошоците за вработените за 0,4 проценти - објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во првото тримесечје од годинава, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 1,2 процент, трошоците за материјали се намалени за 0,5 проценти, а трошоците за вработените се зголемени за 5 проценти. лв/са/

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа