• сабота, 23 ноември 2024

За брзо возење изречени 74 санкции на подрачјето на СВР Струмица

За брзо возење изречени 74 санкции на подрачјето на СВР Струмица

Скопје, 6 март 2023 (МИА) - За брзо возење изречени се 74 санкции на подрачјето на СВР Струмица, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 12 до 18 часот вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

- Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и четири на подрачје на Гевгелија. Од нив, 38 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 36 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи. бд/са/

Остани поврзан