• сабота, 14 декември 2024

Заменик-генералниот секретар на Собранието Јусуфи на Парламентарно-истражувачка конференција во Тирана

Заменик-генералниот секретар на Собранието Јусуфи на Парламентарно-истражувачка конференција во Тирана

Скопје, 28 ноември 2024

Во Парламентот на Република Албанија се одржа Годишна парламентарно-истражувачка конференција, на тема „Подобрување на улогата на Парламентот во креирањето политики засновани на докази“, на која присуствуваше и Делегација од Собранието.

Свое излагање во панел-дискусијата на тема „Улогата на вештачката интелигенција во парламентарните процедури и законодавниот процес“, имаше заменик-генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи.

Тој се осврна на улогата на вештачката интелигенција, како во секојдневниот живот, така и во работата на парламентите. Посебен акцент во излагањето беше ставен на употребата на софтверот „Традос“, кој обезбедува алатки за поддршка на преводот и системи за управување со превод, преку машинско учење со заедничка серверска преведувачка меморија.

Исто така, беа истакнати заложбите за развивање на упатства за користење на вештачката интелигенција во пребарувањето, истражувањето и секојдневните работни процеси на Службата и на пратениците. 

Сектор за односи со јавноста на Собранието

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: Собрание 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан