• петок, 30 август 2024

Заедничка црковна литургија во Делчево на епископот делчевско Каменички г. Марко и Митрополит Серафим од Неврокопска Епархија во Р.Бугарија

Заедничка црковна литургија во Делчево на епископот делчевско Каменички г. Марко и Митрополит Серафим од Неврокопска Епархија во Р.Бугарија

Делчево, 28 август 2024 (МИА) - Во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во Делчево денеска Света Божествена литургија отслужи ја епископот домаќин, делчевско-каменички г. Марко и митрополитот г. Серафим од неврокопската Епархија, Р. Бугарија. 

На настанот по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богордица присуствуваа голем број православи христијани од Делчево и околината.

Во своето поздравно слово епископ г.Марко се заблагодари на Митрополитот Неврокопска што најде време и меѓу овдешните верници да ја шири божјата благодат. 

- Нека оваа литургија биде почеток на повеќе средби и радости. Секогаш сте добредојдени овде, а со радост следниот пат ќе ве пречекаат и во М.Каменица да ги израдуваме и тамошните верници и таму да ја пренесете благодатта божја. Нека е за многу години, истакна епископот Делчевско-каменички.

Митрополитот г.Серафим се заблагодари за можноста заедно да го одбележат празникот Успение на Пресвета Богородица потенцирајќи дека вратите на Неврокопска Епархија ќе бидат секогаш отворени за заедничка служба помеѓу двете свештенства.

Претходно во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богордица, г.Марко и г.Серафим чиноначалствуваа со вечерната богослужба одржана во црквата Успение на Пресвета Богордица во Делчево. вс/цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан