Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе „исправни чекори“
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата очекува привремената влада во Сирија да преземе „исправни чекори“ и дека нема да има закана за нејзините соседи.
Анкара, 13 декември 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата очекува привремената влада во Сирија да преземе „исправни чекори“ и дека нема да има закана за нејзините соседи.
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот совет на Судан, Абдел Фатах Ал Бурхан, за билатералните односи, регионалните и глобалните процеси.
Тој рече дека сирискиот народ е дојден до фазата на одредување на својата иднина по 13-годишната хуманитарна криза. рп/
Фото: ЕПА