• петок, 27 септември 2024

До словачкиот премиер Роберт Фицо испратено писмо со куршум

До словачкиот премиер Роберт Фицо испратено писмо со куршум

Братислава, 25 септември 2024 (МИА) - Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката Влада, соопшти денеска неговата прес-служба.

Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна рендгенска проверка, јавува словачкиот портал Плус 7 Дни.

Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.

Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф ја потврди веста и додаде дека полицијата истражува.

Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан