• понеделник, 26 август 2024

Донација на кислородни маски за Општата болница и кардиовоскуларниот центар во Охрид

Донација на кислородни маски за Општата болница и кардиовоскуларниот центар во Охрид
Охрид, 9 април 2021 (МИА) - Моменталната состојба со Ковид-19 во охридската болница и изградбата на кислородна станица до модуларната ковид-болница во рамки на Општата болница беа тема на разговор на работната средба на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со директорот на ЈЗУ Општа болница – Охрид, Горан Балески. Градоначалникот Георгиески на директорот на Општата болница во оваа пригода му врачи донација „Охајо” кислородни маски, неопходни во лекување на пациенти кои што се на кислородна поддршка. Георгиески и Балевски го посетија и Центарот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“, каде исто така се лекуваат пациенти заболени од коронавирусот. И за потребите на Центарот беа донирани кислородни маски, донација обезбедена преку „СОС Балканмедиа“. аб/сп/

Остани поврзан