• недела, 22 септември 2024

Детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ во Градски парк

Детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ во Градски парк

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - На Школка во Градски парк вечер од 19 часот ќе се одржи централниот настан од 33. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл е домаќин и организатор на фестивалот под покровителство на Град Скопје. 

Директорката на фестивалот Билјана Лалчевска-Серафимовска истакнува дека „Оро без граници“ е симбол на пријателствo меѓу децата кој континуирано се одржува од 1991 година.

-Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Овој детски фолклорен фестивал придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и културата и промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје, истакнува Лалчевска-Серафимовска во најавата за настанот. хс/лв/

Фото: Детски културен центар „Карпош“

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан