• петок, 27 септември 2024

Денови на Општината во Ѓорче Петров

Денови на Општината во Ѓорче Петров

Скопје, 5 септември 2024

Вчера вечер, реонски парк во општина Ѓорче Петров беше исполнет со магијата на музиката и уметноста, благодарение на прекрасниот концерт организиран од општината, во соработка со Здружението за поддршка на палијативни пациенти и нивните семејства „Палиум“.

Настанот беше посветен на Меѓународниот ден на семејството, а преку нотите на музиката заедно покажавме дека радоста и љубовта кон семејството се нашата мотивација која не движи низ секојдневието.

„Ви се заблагодарувам на сите што дојдовте да уживате во настапите на Елена Андоновска, Дарко Билбиловски, Кристијан Бенито и трите Културно-уметнички друштва (КУД). Вашето присуство ја направи оваа вечер посебна и незаборавна.“ изјави Градоначалникот Александар Стојкоски. 

Вашата поддршка и учество ја зголемија убавината на овој настан и допринесоа за неговата успешност. „Овој настан беше одличен пример за тоа како заедницата може да се сплоти преку културата и уметноста.“ додаде Стојкоски.

Денес продолжуваме во 1️9 часот на корзото во Ѓорче Петров со ,,Чалгии,,.

Очекувајте нови забавни и културни настани, како и спортски активности кои ќе продолжат да го збогатуваат нашиот општински живот.

Со почит,

Општина Ѓорче Петров 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Ѓорче Петров 

Остани поврзан