• сабота, 31 август 2024

Две деца се здобиле со изгореници во пожар во куќа во Прилеп

Две деца се здобиле со изгореници во пожар во куќа во Прилеп

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Две деца се здобиле со изгореници во пожар во куќа во Прилеп, кој бил пријавен вчера, соопшти МВР.

-На 28.08.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп, во куќа сопственост на Д.А.(48) од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди - изгореници се здобиле две деца, кои биле сами во една од просториите, наведуваат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. вг/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан