• петок, 30 август 2024

Двајца исчезнати во лизгање на земјиште во јужна Италија

Двајца исчезнати во лизгање на земјиште во јужна Италија

Рим, 28 август 2024 (МИА) - Обилни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во регионот Казерта во Кампанија на југот на Италија, властите го евакуираа населението, а спасувачите денеска почнаа потрага по старица и нејзиниот возрасен син кои се исчезнати и се стравува дека се мртви.

Невреме вчера попладне го погоди Сан Феличе а Канчело, град на околу 30 километри североисточно од Неапол и околните општини, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Жена на 70-годишна возраст и нејзиниот син на 40-ти се движеле по локален пат кога биле затрупани од земјиште кое се лизгало, а во текот на спасувачката операција надлежните го пронашле нивното целосно уништено возило во мочуриште.

„Се надеваме дека навреме го напуштиле возилото и дека можебо се уште се живи некаде, но според она што ми го кажуваат експертите, нема многу надеж“, изјави локалниот градоначалник Емилио Нузо за италијанските медиуми.

Противпожарната бригада соопшти на платформата Икс дека се распоредени 10 екипи за потрага по двете исчезнати лица. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан