Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски со отчет за реализираните проекти во периодот 2021–2025
- Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, го презентираше отчетот за реализираните активности и проекти во изминатиот четиригодишен период, од 2021 до 2025 година.
Берово, 14 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, го презентираше отчетот за реализираните активности и проекти во изминатиот четиригодишен период, од 2021 до 2025 година. Во отчетот се опфатени голем број инфраструктурни и развојни проекти во сите области од локалниот живот – изградба и реконструкција на локални улици и патишта, поставување нови тротоари, јавно осветлување и водоводни системи.
-Општината вложи и во реконструкција на училишта, спортски и рекреативни терени, поддршка на културни манифестации и подобрување на условите за социјална сигурност. Посебно внимание беше посветено на заштитата на животната средина и зачувувањето на Малешевијата, како и на промоцијата на Берово како туристичка дестинација, истакна Пекевски.
Секоја инвестиција, секој проект и секое вложување според него имаше цел да донесе вистинска корист за граѓаните на Берово.
Изрази благодарност до Советот на Општина Берово, општинската администрација и сите граѓани кои придонеле во реализацијата на проектите. За подетално разгледување на отчетот ги упати граѓаните да го погледнат на општинската веб страница. вс/
Фото: Звонко Пекевски, градоначалник на Берово