Голден Стејт може да влезе во борба за Бредли Бил
- Голден Стејт вориорс може да се вклучи во борбата за кошаркарот на Вашингтон визардс Бредли Бил, објави НБА инсајдерот Сем Емико.
Сан Франциско, 18 јуни 2023 (МИА) - Голден Стејт вориорс може да се вклучи во борбата за кошаркарот на Вашингтон визардс Бредли Бил, објави НБА инсајдерот Сем Емико.
Во моментов за Бил се заинтересирани Мајами хит и Феникс санс.
Доколку Бредли Бил одлучи да се пресели во Санс, Крис Пол и Лендри Шамет би можеле да одат во Вашингтон, објави „Bleacher Report“. Зс/
Фото: ЕПА