• понеделник, 26 август 2024

Германски медиуми: Осомничениот за нападот во Солинген, Сириец, лани требало да биде депортиран во Бугарија

Германски медиуми: Осомничениот за нападот во Солинген, Сириец, лани требало да биде депортиран во Бугарија

Берлин, 25 август 2024 (МИА) - Сириецот, осомничен дека го извршил нападот со нож во германскиот град Солинген, требало да биде депортиран лани во Бугарија, јави ДПА.

Според клаузулите од Даблинскиот договор, земјата-членка на ЕУ преку која барателот на азил влегол на територијата на Унијата е одговорна за обработка на неговото барање за азил. ДПА денеска јави дека во овој случај сирискиот државјанин влегол во ЕУ преку Бугарија.

Германскиот весник „Велт“ објави дека депортацијата од Германија во Бугарија е одложена бидејќи мажот се скрил во Германија. Неколку месеци подоцна бил префрлен во Солинген.

Мажот во полиција признал дека го извршил нападот со нож во Солинген во петокот вечерта, во кој загинаа три лица.

Федералното обвинителство го презеде случајот и го истражува убиството на осомничениот и наводното членство во терористичката група ИД. зш/

Остани поврзан