• петок, 27 септември 2024

Германија испраќа 120 војници во Полска за помош по поплавите

Германија испраќа 120 војници во Полска за помош по поплавите

Берлин, 26 септември 2024 (МИА) - Германија планира да испрати 120 војници во соседна Полска за да помогнат во напорите за санирање на последиците од поплавите, вклучувајќи поправка на инфраструктурата и расчистување, соопшти германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесува ДПА.

Агенцијата наведува дека Писториус го изјавил ова за време на неговата денешна посета на северозападниот полски град Шчечин.

Според министерот за одбрана, Германија испраќа помош на барање на Полска, а првично ќе биде распоредена команда за период од осум недели.

Полска е една од земјите во Источна и Централна Европа кои беа погодени од сериозни поплави на почетокот на месецот, при што неколку градови во југозападниот дел од земјата се целосно опустошени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан