• вторник, 27 август 2024

Вториот квартал во Кисела Вода со историски највисоки капитални инвестиции

Вториот квартал во Кисела Вода со историски највисоки капитални инвестиции

Скопје, 26 август 2024

Капиталните инвестиции во 2024 година во вториот квартал се историски највисоки од било кога во минатото. Споредбено со претходниот мандат, во вториот квартал во 2024 година во основниот Буџет има реализација на капитални инвестиции во износ од 103,6 мил денари што е за 2,5 пати повеќе од 2017 и 2018 година, за 1,9 пати повеќе од 2020 година и за 25,34% повеќе од 2019 година која е најдобра во мандатите на претходните, но е година кога се добила помош од државата во износ од 64 мил денари.

-До крајот на годината износот наменет за капитални инвестиции во најмала рака ќе биде удвоен согласно динамиката на реализација на проектите кои ги имаме започнато, со што 2024 година ќе биде најуспешна во историјата на општина Кисела Вода по реализација на капитални инвестиции. Од покрупните инвестиции кои се планирани во буџетот и веќе се во фаза на реализација се: изградба на ново основно училиште, проширување на капацитетите на градинките и изградба на нова, изградба на спортски игралишта, детски катчиња, паркови, изградба и реконструкција на улици, патеки, паркинзи и подземна инфраструктура секаде каде што е потребна, целосна дигитализација на општината … За потсетување, моментално најуспешна година по реализација на капитални инвестиции е 2023 година. Покрај капиталните инвестиции и во оваа година продолживме со вложување во културата, образованието, помош и разни субвенции за сите жители на општина Кисела Вода со цел подобрување на нивниот живот-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода.

 

Општина Кисела Вода

__________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан