• петок, 30 август 2024

Во Русија уапсен поранешниот заменик министер за одбрана, Попов

Во Русија уапсен поранешниот заменик министер за одбрана, Попов

Москва, 29 август 2024 (МИА) – Поранешниот заменик министер за одбрана на Русија, Павел Попов денеска е уапсен под обвинение за измама, за што е предвидена казна затвор до 10 години.

Попов како заменик министер за одбрана беше задолжен за Паркот на патриотите, проект на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу за инспирирање на младите генерации.

Попов е обвинет дека на трошок на Паркот на патриотите го реновирал својот недвижен имот во близина на Москва. Тој наводно ги принудувал компаниите кои имале договори со Паркот на патриотите да работат на неговите „станови надвор од градот без да им плати. Заедно со него е уапсен и генерал-мајор Владимир Шестеров, кој е заменик во Одделението за иновации при МО.

Паркот на патриотите има стрелиште, военовоздухопловна база, музеј и конференциски центар, како и Катедрала на вооружените сили на Русија со мозаици на кои се претставени советски и руски војници. Претседателот Владимир Путин лично ја финансирал црквата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан