• сабота, 31 август 2024

Во Русија осуден издавач на весник на осум години затвор поради „ширење лажни иформации“

Во Русија осуден издавач на весник на осум години затвор поради „ширење лажни иформации“

Москва, 30 август 2024 (МИА) – Судот во Сибир денеска осуди издавач на весник на осум години затвор поради објавување текстови за руските напади врз цивили во Украина.

Судот во градот Горно-Алтајск го осуди Сергеј Михајлов, новинар и издавач на локалниот весник „Листок“, за „ширење лажни информации“ за руската армија.

Михаилов беше уапсен во април 2022 година поради објави на профилите на „Листок“ на социјалните мрежи и написи на веб-страницата на весникот за руските напади врз цивили во Украина.

Руската независна новинска агенција „Медуза“ објави дека Михаилов пред судот истакнал дека „целта на публикацијата е да се открие вистината“ за војната и „да се заштитат нашите сонародници од софистицираните лаги на руската државна пропаганда“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан