• сабота, 31 август 2024

Во регионот на поранешна Југославија речиси 10.000 лица се уште се водат за исчезнати, потсетува српскиот Комесаријат за бегалци

Во регионот на поранешна Југославија речиси 10.000 лица се уште се водат за исчезнати, потсетува српскиот Комесаријат за бегалци

Белград, 30 август 2024 (МИА) - Српската комесарката за бегалци и миграции, Наташа Станисављевиќ, денеска, по повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица, изјави дека во целиот регион сè уште 9.733 лица се водат како исчезнати, и дека ќе бидат вложени напори семејствата на исчезнатите „да го дочекаат денот кога достоинствено ќе можат да ги погребаат своите најблиски“.

Како што се наведува во соопштението на Комесаријатот, Станисављевиќ на конференцијата организирана од Координацијата на српските здруженија на семејствата на исчезнатите, убиените и загинатите лица од просторите на Југославија, изрази солидарност со семејствата на исчезнатите и ја истакна важноста од продолжување на потрагата по вистината и правдата, пренесува „Данас“.

Таа посочи дека денеска се собрани за да оддадат почит на оние кои исчезнале за време на војните и конфликтите на просторот на Југославија, нагласувајќи дека за Комесаријатот „исчезнатите никогаш нема да бидат заборавени“.

По конференцијата, Станисављевиќ со семејствата на исчезнатите, делегацијата на Координацијата и учесниците на церемонијата, во паркот Ташмајдан положи венец и цвеќе на споменикот на сите жртви од војните во 1990-тите години на просторите на Југославија.ссм/

фото: архива

Остани поврзан