• сабота, 31 август 2024

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп - Градско, кај Заполски мост

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп - Градско, кај Заполски мост

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Прилеп - Градско, кај Заполски мост е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ информираат дека карактеристично за летниот период, на ГП „Табановце“ за влез и ГП „Богородица“ за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан