Во Крушево непречено гласаат 255 болни и немоќни лица
- Непречено и без проблеми со одвива гласањето на болните и немоќни лица во Крушево. Своето право на глас денеска на вториот круг од локалните избори го остваруваат 255 болни и немоќни, во Крушево и во 11 населени места каде болните во нивните домови ги посетуваат избрачките одбори.
Крушево, 1 ноември 2025 (МИА) - Непречено и без проблеми со одвива гласањето на болните и немоќни лица во Крушево. Своето право на глас денеска на вториот круг од локалните избори го остваруваат 255 болни и немоќни, во Крушево и во 11 населени места каде болните во нивните домови ги посетуваат избрачките одбори.
- Нема никакви проблеми и гласањето се одвива без проблеми. Запишани се 255 болни и немоќни граѓани со право на глас и се за 37 повеќе од првиот круг на локалните избори, изјави Драгана Куртеска Филипоска, претседателка на ОИК Крушево.
Повеќето болни и немоќни ја имаа помошта од најблиските за да го остварат своето право на глас. Крушевчанката Олга Чавкар му помогна на својот сопруг.
- Мојот сопруг е срцевоболен и има деменција. Му помогнав да го оствари своето граѓанско право. Секогаш гласаме на изборите. Очекуваме новиот градоначалник да се погрижи за развојот на Крушево, за младите да не си заминуваат, рече Олга Чавкар.
И снаата Виолета Божиноска им ја даде помошта на најублиските во домот.
-Им помогнав на моите болни и изнемоштени свекор и свекрва. Му посакувам среќа на идниот градоначалник. Очекувамдобри проекти, вработувања, задржување на младите во Крушево, развој на туризмот, рече крушевчанката Виолета Божиноска.
Утре, на вториот круг од локалните избори во Крушево правона глас имаат 7.768 избирачи. Се гласа на 23 избирачки места.ем/вј/
Фото: МИА