• сабота, 21 јуни 2025

Во Истанбул прв директен состанок помеѓу претставници на Русија и на Украина

Во Истанбул прв директен состанок помеѓу претставници на Русија и на Украина

Анкара, 16 мај 2025 (МИА) – Во Истанбул ќе почне првиот директен состанок, во изминатите три години, помеѓу претставници на Русија и на Украина.

Тоа денеска ќе биде втора трилатерална средна, откако претходно беше одржан состанок помеѓу делегациите на САД, Украина и домаќинот Турција.

Според украински неименувани извори, Киев на денешните преговори ќе инсистира да се отвори прашањето за директна средба помеѓу Зеленски и Путин.

На првата средба како домаќин присуствуваше шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, а американската делегација е предводена од државниот секретар Марко Рубио и пратеникот на Доналд Трамп, генерал Кит Келог. Украинската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Разговорите имаа за цел да се изнајде решение за воспоставување мир помеѓу Украина и Русија.

И втората трилатерална средба се одржува на иста локација, во палатата Долмабахче. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан