• четврток, 15 мај 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа за еден ден загинаа 51 човек

Во израелските напади врз Појасот Газа за еден ден загинаа 51 човек

Газа, 27 април 2025 (МИА) – Во израелските напади врз Појасот Газа, изминатите 24 часа загинаа 51 човек, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израел на 18 март го прекина двомесечното примирје со Хамас и оттогаш спроведува секојдневни напади врз Појасот Газа. Израелската армија ја прошири тампон зоната и го опколи јужниот град Рафа и сега под контрола држи околу 50 проценти од палестинската енклава.

Израел воведе и блокада на Појасот Газа, поради што околу два милиони Палестинци се соочуваат со недостиг на храна и на лекови. Според хуманитарните организации резервите со храна се при крај и илјадници деца се неисхранети.

Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, 7 октомври 2023 година, вкупно загинаа 52.243 Палестинци, меѓу кои и голем број деца и жени. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан