• четврток, 05 декември 2024

Во дебарската гимназија комплетиран кабинетот по информатика преку проектот „Зајакнување на општинските совети“

Во дебарската гимназија комплетиран кабинетот по информатика преку проектот „Зајакнување на општинските совети“

Дебар, 4 ноември 2024 (МИА) - Преку проектот „Зајакнување на општинските совети - фаза II“ на Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка и Програмата за развој на Обединетите нации, дебарската гимназија „28 ноември“ ја доби неопходната опрема за кабинетот по информатика.

-Станува збор за компјутери, проектори и друга соодветна опрема со која целосно ќе биде комплетиран кабинетот и нашите ученици ќе имаат одлични услови за одвивање на наставата и реализирање други активности. Целта на проектот, кој се реализираше во две фази, беше да се поддржи учеството на граѓаните во развојот на заедницата и во процесот на одлучување на локално ниво, рече за МИА Рамадан Имери, директор.

Додаде дека Гимназијата конкурирала со проектот „Опремување на училиштата во општина Дебар со дидактички алатки и инструменти, за природните и применетите науки“ во соработка со ООУ „Саид Најдени“ и ООУ „Пенестија“ од Дебар.

-Подготовката на проектот ја реализираа нашите професори Блета Села, Наиме Амбари, Едмонд Дема, Ердуан Клобучишта, на кои сум особено горд. Јас како директор на Гимназијата, им се заблагодарувам за нивната ангажираност, секако посебно на градоначалникот Хекуран Дука, како и на субјектите реализатори на проектот за нивната подршка и сооработка, нагласи тој.

Во единственото средно училиште во општината, во чии рамки функционираат и подрачни паралелки во село Могорче, настава на македонски и албански наставен јазик следат над 500 ученици.

Деновиве преку овој проект соодветна опрема за кабинетите по музичко воспитување добија двете деветтолетки во градот, „Пенестија“ и „Саит Најдени“. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан