Во вторник терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
- Како што информира Град Скопје, доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде подобро. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - На 18 август, вторник, ќе се изврши терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје.
Како што информира Град Скопје, доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде подобро.
Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. бд/мч/
Фото: МИА архива