• сабота, 24 мај 2025

Во Велес се одржа Државното првенство во одбојка за машки за средно образование

Во Велес се одржа Државното првенство во одбојка за машки за средно образование

Велес, 23 април 2025 (МИА) - Во спортската сала на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес денеска се одржаа натпреварите од Државното првенство во одбојка машки за средно образование, што го организира оваа државно средно училиште, во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Освен екипа од оваа училиште, учествуваа и екипи Струмица, Тетово и Скопје, односно најдобрите екипи по претходно одржаните општински, зонски и регионални натпревари.

Првото место го освои одбојкарската машка екипа на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, која ја совлада екипата на СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје која се пласира на второто место. Екипата на домаќините од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес е третопласирана,  а четврта е екипата на СОУ Гимназија„Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово.

Ангелче Гушев професор по физичко образование од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ оцени дека тие се покажале како добар домаќини на оваа државно првенство и изрази задоволство од освоеното трето место на својата екипа што за нив е голем успех.

-Со овие денешни натпревари го заокружуваме еден систем на натпревари кои започнаа во септември 2024 година и завршија во април 2025 односно во учебната 2024/25 година. Ние како екипа влеговме во овие денешни натпревари како една од четирите најдобри екипи и на крајот од натпреварите го освоивме третото место. Затоа сметам дека како училишна екипа во одбојка машки, постигнавме одличен успех, потенцира Гушев.

Тој истакна дека денеска за овие натпревари максимално ги запазиле сите услови за успешно организирање на Државното првенство, а за што и максимално беа поддржани од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.  

Проф д-р Александар Туфекчиевски претседател на Федерација на училишен спорт на Македонија во информацијата за медиумите потенцира дека нивната цел како Федерација е што помасовно вклучување на учениците од основните и средни училишта во земјава во организиран систем на натпревари  од училишно, преку општинско, зонско регионално па се’ до државните натпревари. Воедно најдобрите екипи на државните натпревари од сите спортови да се поддржат за учество на европски и светски првенства. Тој потенцира дека тие како Федерација на училишен спорт имаат одлична поддршка од општините и државата,

-Ваквите натпревари се незаменлива основа за развој на целокупниот врвен и масовен спорт во државата.Вториот предизвик на ФУСМ  е унапредување на наставниот процес  по физичко образование и спортот,овозможувајќи нормален и здрав физички и ментален развој на новите генерации,истакна проф д-р Туфекчиевски.

Тој информира дека Федерацијата за училишен спорт на Македонија е формирана  како невладина организација во 1964 година за да го организира училишниот спорт во Македонија.Таа се состои од 3 региони кои се поделени во 12 зони, а е организирана преку 36 општинки сојузи за училишен спорт.Најмалата единица се 250 училишни спортски клубови кои се формирани во основните и средни училишта во земјава. ад/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан