• петок, 27 септември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините

25 септември 2024 

СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините.

100 милиони евра пари од буџетот ќе бидат дадени за проекти на општините ширум државата. Тоа се средства кои со години некок општини не ги виделе и неможеле да реализираат голем број проекти кои се потребни.

Ова е само почеток. Секоја година на општините ќе им бидат достапни 250 милиони евра пари од буџетот за реализација на капитални проекти.

Целта на владата е Македонија да се развива рамномерно, забрзано и силно.

Ако СДС не веруваат во проектот, тогаш зошто градоначалниците од нивната партија поднеле документација?

Лицемерни се од СДС, од една страна да го напаѓаат проектот, од друга први да аплицираат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан