• петок, 30 август 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Нема никаква врска избор на Комисија за соодветна и правична застапеност со балансерот

ВМРО-ДПМНЕ: Нема никаква врска избор на Комисија за соодветна и правична застапеност со балансерот

Скопје, 14 август 2024

Коалицијата СДС и Левица покажуваат елементарно непознавање на законите и процедурите. Каква врска има изборот на Комисија на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните со примена на балансерот?

Апелираме да престанат да манипулираат и лажат дека ВМРО ДПМНЕ наводно се откажала од бришење на балансерот кој се покажа како алатка за манипулација на партиите кои раководат со процесот. СДС е партијата која делува како привезок на ДУИ и ниту едно соопштение не може да го покрие срамот од измеќарлукот на СДС кон ДУИ.

Воедно темата балансер е добра прилика да се види соработката која ја имаат СДС и Левица во ширењето на лагите против Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Наспроти овие лаги дека постои таен договор помеѓу ДУИ и СДС, одговорот е дека балансерот ќе се укине и тоа ветување ВМРО ДПМНЕ ќе го оствари.

И воедно оваа влада ќе се грижи за напредокот и положбата на сите заедници. Е сега вистинското лицемерие на СДС се гледа во одговорите на следниве прашања:

Од кога тоа СДС е против балансерот, или сега само по потреба се против? Што правеа 7 години претходно кога балансерот го злоупотребуваа за вработување на кадри на ДУИ во Берово и Делчево? Зошто тогаш СДС не се бунеше?Зошто на СДС му сметаат заложбите за откривање на злоупотребите на балансерот?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан