ВЛЕН: Коцевски ја уништи довербата на граѓаните во правдата, мора веднаш да биде разрешен
- Лубчо Коцевски, чие име се поврзува со злоупотреба и прекршување на службената должност и лошо раководење на Јавното обвинителство. Тој отиде уште подалеку со тоа што не ја одржуваше доверливоста на постапката и им помагаше на криминалците да ја избегнат заслужената казна и го наруши угледот на институцијата и личниот интегритет на обвинителот.

Скопје, 27 февруари 2025
Лубчо Коцевски, чие име се поврзува со злоупотреба и прекршување на службената должност и лошо раководење на Јавното обвинителство. Тој отиде уште подалеку со тоа што не ја одржуваше доверливоста на постапката и им помагаше на криминалците да ја избегнат заслужената казна и го наруши угледот на институцијата и личниот интегритет на обвинителот.
Коцевски е една од клучните фигури одговорни за падот на довербата на граѓаните во правдата и владеењето на правото. Тој заедно со Ислам Абази ги ослободи обвинетите за настаните од 27 април и многу други скандали. За време на неговиот мандат неколку пати протекоа информации од Обвинителството, нешто што никогаш не треба да се случи. Врз основа на овие прекршувања направени од страна на главниот обвинител, Коалицијата ВЛЕН е посветена на длабоки реформи во судството и целосно го поддржува разрешувањето на главниот обвинител Љубчо Коцевски.
Оваа иницијатива е неопходна за враќање на довербата на граѓаните во судскиот систем и се заснова на:
- Барањата на меѓународните партнери за транспарентност и законитост.
- Кризата на доверба во правдата, која достигна алармантни нивоа.
- Повторените законски прекршувања од страна на главниот обвинител Коцевски дополнително ја нарушуваат довербата во судскиот систем.
Републиканскиот обвинител го загуби легитимитетот и кредибилитетот – мора веднаш да си замине!
Предлогот за разрешување ќе биде доставен до Обвинителскиот совет и Собранието на Република Северна Македонија за понатамошна постапка. Владеењето на правото и интегритетот на институциите се од суштинско значење за едно демократско општество.
Коалицијата ВЛЕН останува посветена да се погрижи именувањето на новиот главен обвинител да се заснова на јасни професионални критериуми. Ќе продолжиме внимателно да го следиме овој процес и да се погрижиме тој да се развива во согласност со интересите на граѓаните и принципите на правна држава.
ВЛЕН
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.