• сабота, 31 август 2024

Владата на Швајцарија предлага употреба на технологија за препознавање лица на аеродромите

Владата на Швајцарија предлага употреба на технологија за препознавање лица на аеродромите

Берн, 29 август 2024 (МИА) – Владата на Швајцарија денеска поднесе нацрт амандман на Законот за воздухопловство, со кој на швајцарските аеродроми и авиокомпании ќе им биде дозволено користење на технологија за препознавање на лица и биометриски податоци на патници.

Со тоа на патниците ќе им се овозможи да се ослободат од хартиените билети или електронските билети за влез во авионот.

Како што е наведено, препознавањето на лицето може да се користи при предавање на багажот, пасошката контрола и влез во авион. Во исто време, персоналот може да пристапи и до проверка на патниците со помош на препознавање на лицето.

Предвидено е и да остане сегашниот процес без биометриски податоци, како алтернатива за луѓето кои одбиваат препознавање на лицето.

Препознавањето на лицето е една од 22-те точки поврзани со воздухопловството кои швајцарската Влада сака да ги ревидира, а периодот на консултации ќе трае до 28 ноември. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан