• недела, 25 август 2024

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Junction  23“

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Junction  23“

Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction  23“.

Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените сили на САД, ќе учествуваат и претставници од неколку земји членки на НАТО и земји од партнерството за мир.

Целта е обнова на знаења и споделување искуства, што се неопходни за персоналот на Армијата, за извршување на мултинационални операции. свс/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан