• сабота, 23 ноември 2024

Британскиот премиер Стармер се сретна со Макрон

Британскиот премиер Стармер се сретна со Макрон

Париз, 29 август 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.

Пред посетата на Париз, Стармер беше во Берлин на разговори со својот германски колега Олаф Шолц, што укажува на желбата на премиерот да ги продлабочи врските со клучните фигури во Унијата, забележуваат агенциите.

На почетокот на неговата посета, Стармер рече дека не го „укинува Брегзит“ со неговите планови за нов договор со Германија.

Тој се согласи со Шолц дека договорот со Германија ќе биде склучен до крајот на годината, нарекувајќи го тоа „можност еднаш во една генерација“. Двете земји се согласија да развијат „заеднички план за борба против илегалната миграција“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан