• петок, 27 септември 2024

Британската полиција истражува кибернапад врз мрежата за бесплатен интернет на железничките станици

Британската полиција истражува кибернапад врз мрежата за бесплатен интернет на железничките станици

Лондон, 26 септември 2024 (МИА) - Британската полиција почнала истрага за кибер напад откако патниците виделе исламофобична порака на големите железнички станици во земјата кога се обиделе да ја користат нивната бесплатна интернет мрежа.

Бесплатниот интернет систем, со кој управува комуникациската компанија „Талент“, брзо беше исклучен откако патниците пријавија дека се појавила порака во која се споменуваат терористички напади.

Полицијата соопшти дека работи со „Нетворк реил“ (Network Rail) за да го истражи инцидентот поврза со кибер безбедноста.

„Нетворк реил“ кој управува со пругите и железничките центри соопшти дека бесплатниот интернет ќе биде исклучен на 19 станици, меѓу кои „Лондон бриџ“ и „Лондон истон“, како и „Манчестер Пикадили“ и „Единбург Вејверли“. Компанијата наведува дека бесплатниот интернет ќе биде обновен до крајот на неделата. Се претпоставува дека хакерскиот напад не влијаел на личните податоци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан