• четврток, 29 август 2024

Болницата во Кавадарци доби донација од Австриско здружение на пензионери

Болницата во Кавадарци доби донација од Австриско здружение на пензионери

Кавадарци, 27 август 2024 (МИА) - Болницата во Кавадарци доби донација од Австриско здружение на пензионери, информираа денеска од оваа јавна здравствена установа на Фејсбук.  

- Преку Министерството за здравство, директорката на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност д-р Гордана Камчева, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, прими донација од Здружението на пензионери ,,Хикоде’’ од Австрија. Донацијата се состои од 25 болнички кревети, 8 душеци, 35 помошни маси, 20 постелнини, 20 кревети за преглед, 5 бебешки кревети, 1 стерилизатор, 25 инвалидски колички, 10 столови за тоалет, 10 помагала за движење, 10 сталки за инфузија, 80 патерици, 3 колички за прва помош со фиоки, кои се повеќе од добредојдени во нашата болница и значително ќе ги подобрат условите на одделот гинекологија и воопшто целата болница, соопштија од Болницата. 

Оттаму додадоа дека во оваа прилика, директорката изразила огромна благодарност до здружението и Министерството и се осврнала на динамиката на идното работење на оваа установа. свд/са/

Фото Фејсбук на Општа болница со проширена дејност Кавадарци 

Остани поврзан