• петок, 30 август 2024

Блинкен разговараше со Галант за ситуацијата на теренот во Појасот Газа

Блинкен разговараше со Галант за ситуацијата на теренот во Појасот Газа

Тел Авив, 13 мај 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му соошштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека израелската армија спроведува „прецизна операција“ во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека нема да се откаже од целта да се ослободат сите заложници, а членовите на Хамас да бидат елиминирани „и како војска и како администрација“.

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека Галант и Блинкен разговарале за случувањата во Газа, вклучително и за воените операции низ целиот Појас во кој има присуство на терористички упоришта, како и за прецизните операции во Рафа против преостанатите баталјони на Хамас, додека истовремено се обезбедува преминот, што се однесува на преминот Рафа со Египет.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, пренесе дека државниот секретар повторно го предупредил Галант за тоа Израел да не презема масовна офанзива во Рафа.

-Министерот изрази благодарност до секретарот Блинкен за поддршката што американската администрација ја дава на израелската безбедност, рече Милер.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан