• сабота, 31 август 2024

Бенефити за граѓаните со програмите за соработка со Хрватска во образованието и здравството

Бенефити за граѓаните со програмите за соработка со Хрватска во образованието и здравството

Загреб, 29 август 2024 (МИА) – Од програмите за соработка во областа на образованието и здравството што денеска беа потпишани во Загреб бенефит ќе имаат граѓаните од двете држави, оценуваат министрите за образование и за здравство Весна Јаневска и Арбен Таравари. 

Четиригодишната програма во областа на образованието се однесува на сите нивоа на образование и со неа учениците и студентите од двете држави добиваат можност да учат и студираат под исти услови како и државјаните на таа земја.  

-  Обезбедуваме шестмесечни и 24-месечни стипендии за млади луѓе до 26 години кои ќе се занимаваат со наука. Не се заборавени ниту македонскиот, ниту хравсткиот јазик односно ќе обезбедиме стипендии и за Хрватите кои ќе го изучуваат македонскиот јазик на семинарот во Охрид и Македонците кои ќе го изучуваат хрватскиот јазик на нивниот семинар, вели министерката за образование Јаневска во изјава за медиумите. 

Во делот на здравството, покрај едукација на наши специјализанти во Хрватска и размена на искуства и знаење, посебен акцент е ставен на трансплатацијата.                                - Трансплантацијата во Македонија посебно на бубрези се работи од 70- години, но последните години како да имаме застој. Не се работи само за размена на искуства во делот на трансплатацијата на различни органи, така што евентуално може да размислуваме со ова апрограма доколку имаме пациент на листа на чекање, да добие од Хрватска или пбратно. Се согласувам дека свеста за трансплатација расте и во Македонија и тоа е за поздравување, изјави Таравари.

Договорите беа потпишани во присуство на премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ кои денеска остварија тет а тет средба откако премиерот Мицкоски пред зградата на Владата беше пречекан со највисоки државни почести. 

Мицкоски, кој е во прва офоцијална посета на Хрватска, оствари средба и со претседателот Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор, Жељко Реинер. 

Премиерот Мицкоски, вечер ќе ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора. бак/лв/

 

 

Остани поврзан