• сабота, 31 август 2024

Барселона ќе го задржи Фирпо во зимскиот преоден рок

Барселона ќе го задржи Фирпо во зимскиот преоден рок
Барселона, 13 јануари 2021 (МИА) - Барселона ќе го задржи во тимот дефанзивецот Жуниор Фирпо, објави „Марка“. Според шпанскиот весник, каталонскиот клуб нема да го пушти 24-годишниот фудбалер да си замине во зимскиот преоден рок. Објавено е дека Барселона се плаши од проблеми со ротација доколку играчот замине. Во сезоната 2020/21, Фирпо одигра девет натпревари за Барселона и има една асистенција. За него е заинтересирана Гранада. зс/

Остани поврзан